Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Се шири списокот на кандидати за градоначалник на Скопје – „Независни заедно“ ќе одат со деканот на Градежниот факултет

Се шири списокот на кандидати за најпрестижната функција на изборите – титулата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се шири списокот на кандидати за најпрестижната функција на изборите – титулата градоначалник на Скопје.

По партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица, своја кандидатура најави и граѓанската платформа „Независни заедно“, која утре ќе го промовира својот независен кандидат за градоначалник на град Скопје – професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет. Тој ќе биде поддржан од платформата составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

За разлика од нив, граѓанската иницијатива Зелен хуман град, која собира потписи за да формира политичка партија, и покрај најавите, остана без свој кандидат. Според нив, личноста со која требаше да учествуваат во трката за Скопје ја откажала кандидатурата од здравствени причини.

Реклама

Со Марковски, бројката на кандидати за градоначалник на Скопје се качи на четворица – Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ и Амар Мециновиќ од Левица. Наскоро се очекува и двете партии од албанскиот политички блок, Вреди и ДУИ, да ги објават своите кандидати.