Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Се шири истрагата – Приведени седумина полицајци кои замижувале пред незаконското рабоње на дискотеката во Кочани

Седум полициски началници и службеници од Штип и Кочани изготвиле, потпишале и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум полициски началници и службеници од Штип и Кочани изготвиле, потпишале и одобриле документација „Пулс“ да работи во субстандардни услови. Имало пријави во полиција за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир, но и покрај тоа во 2023 година била издадена лиценца, а полицијците дале позитивно мислење дека ги исполнува сите услови. Со својата согласност ѝ овозможиле кочанската дискотека да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа

Главениот инспектор за сообраќајни работи во Штип и еден самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај, иако тоа не било така.

  • „Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди“, рече Тошковски.

Првите луѓе во штипската полиција, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови без да направат целосна проверка пред да ја издадат согласност за лиценца за кабаре.  

Реклама
  • „Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, истите вака изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето“, појасни Тошковски.

Сите седум полициски службеници се товарат за  кривично дело тешки дела против општата сигурност.

  • „Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа“ соопштија од ОЈО ГОКК.

Осомничените не се разрешените полициски началници и команданти од вчера, рече министерот. Четворица полициски функционери од Штип и тројца од Кочани Тошковски ги разреши не поради нивна инволвираност, туку да се води независна и непристрасна истрага во Кочани. На нивно место назначени се нови началници од Скопје, а во меѓувреме доколку се докаже нивна вина ќе се одговараат.