Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Се реконструира „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари, најавени и други големи проекти

Започна реконструкцијата на улицата Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари. Премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реконструкцијата на улицата Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари. Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и градоначалниците на Град Скопје и Шуто Оризари, Орце Ѓорѓиевски и Курто Дудуш, извршија увид попладнево во градежните активности на улицата. Притоа, честитувајќи го Светскиот ден на Ромите – 8 Април, најавија и други проекти планирани во иднина во оваа скопска општина.

– Дозволете ми да го честитам Светскиот ден на Ромите – 8 Април, да им посакам на сите наши сограѓани Роми пред сè успех во животот, тоа е многу важно. Се разбира здравје и среќа, истото им го посакувам на сите граѓани. Но, денеска е ден во којшто треба да се потсетиме на сето она коешто можеби во годините и децениите во минатото сме го пропуштиле. Истото тоа да го препознаеме и во иднина сето она кое што е пропуштено да го надоместиме, односно да го реализираме и во таа насока е и оваа денешна посета овде во Шуто Оризари. Да покажеме дека оваа Влада ја препознава општина Шуто Оризари и сака да помогне во делот на реализирање на инфраструктурни проекти, рече премиерот.

Тој додаде дека станува збор за 58 проекти со вкупна вредност отприлика четири и половина милион евра, некаде околу 275 милиони денари.

Реклама

– Но, и покрај проектите што се финансирани преку првиот и вториот повик од Министерството за локална самоуправа, за што му благодарам и на министерот кој е денеска со нас, имаме проекти што се реализираат и преку други ресори во Владата, како што е Министерството за транспорт, за што му благодарам на заменик- претседателот на Влада и министер за транспорт, исто така му благодарам и на градоначалникот на Град Скопје којшто заедно со градоначалникот на Шуто Оризари допринесува да понатаму имаме јасни планови за развој на општина Шуто Оризари, додаде премиерот во изјавата за медиуми.

Тој им се заблагодари на сите кои се вклучени, на граѓаните за трпението и толеранцијата што ја имаат при реализацијата на овие проекти, но, сепак кога ќе се заврши сето ова, како што нагласи, тие непријатности од повеќе прашина, од повеќе сообраќаен метеж ќе бидат заборавени и тогаш ќе се има инфраструктура што ќе го подобри квалитетот на животот на истите.

– Мојата порака и до градоначалниците тука е да се подготвуваат бидејќи до година повторно ќе имаме, само да видиме какви ќе бидат можностите во буџетот, повторно ќе имаме таков повик за да можат да реализираат проекти што ќе значат дополнителна вредност во квалитетот на животот на граѓаните во општините, истакна премиерот.

Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски, исто така, изрази задоволство.

– Започнавме со доста капитални проекти изминатиов период и во оваа градежна сезона, би рекол отворањето, практично во сите делови од главниот град ќе имаме реализација на крупни проекти, нема да биде во тој рамномерен развој, секако изоставено и Шуто Оризари, нагласи Ѓорѓиевски во изјавата за медиуми.

Ѓорѓиевски информираше дека се подготвува документација за неколку проекти поврзани со водоснабдувањето во Шуто Оризари. Најавено беше дека Градот со меѓуопштинска соработка ќе учествува во реконструкција на неколку улици во оваа општина. Ѓорѓиевски најави и изградба на стадион, а се подготвувала документација и да се изгради културен центар.

Ѓорѓиевски рече дека Владата е сериозна помош како за Градот, така и за скопските општини.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Дудуш рече дека се презентираат проекти за општината што во историјата претходно не биле запамтени.

– Тоа е историја за Шуто Оризари, никогаш порано не се вложувало толку во општина Шуто Оризари и за тоа благодариме на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски, додаде тој.

Дудуш рече дека денеска се одбележува денот 8. Април со подобрување на квалитетот на животот на Ромите во општина Шуто Оризари.