Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Се „разубавува“ чаршијата а фалат пари за справување со пандемијата

Го уништуваат ли надлежните културното богатство на Македонија додека граѓаните се во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го уништуваат ли надлежните културното богатство на Македонија додека граѓаните се во своите домови? Искорнатата калдрма, обележјето на чаршијата , емотивно ги погодува скопјани.

Револтирани се, меѓудругото, и затоа што во време на пандемија кога државата нема пари па позајмува од странски кредитори, прави ваков крупен потег.

Градоначалникот на Чаир, очекувано се правда, калдрмата што датирала од 70-тите години на минатиот век, требало да се обнови за да превлече туристи. И новиот камен содржел, травертин, кој  ја давал автетичноста на чаршијата вели Висар Ганиу. Вели дека ги имал сите потребни документи уште пред околу 3 месеци, а парите биле обезбедени од Светска банка. Но клучното прашање е дали граѓаните му дозволија на Ганиу да ја урне старата слика на чаршијата и ако му дозволија каде е анкетата со која ќе докаже дека добил амин?

Реклама
  • Па нормално дека реагираат бидејќи како што беше вчера претставено тогаш секој нормален граѓанин би реагирал. Значи одговорите на анкетите ми се доставени мене и се во општина вели
    Висар Ганиу-градоначалник на општина Чаир.

Анкетата остана скриена. Но не изостана поддршката на владата за Ганиу. Велат знаеле за целиот проект за реставрација.

 Ве информираме дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата Скопска Чаршија и градежната активност која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на Старата Скопска Чаршија – стои во соопштението од Владата.

Останува дилемата што му одговориле граѓаните на градоначалникот во анкетата што рече дека ја спровел ама одби да ја покаже. Но и зошто во време на вонредна состојба и беспарица ова беше неопходно да се прави?

Викторија Миткова