Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман

Амбасадата на Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатриација и евакуација на граѓаните на Македонија кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, преку копнената граница на Султанатот на Оман.

– Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, се наведува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.

Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби.
Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532
Емаил адреса: [email protected]