Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Се работи на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов очекува до крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов очекува до крајот на годинава да завршат сите процедури за да може од почетокот на наредната година производителите на електрична енергија од обновливи извори непречено да учестуваат на европскиот обединет пазар.

– Како Регулатор секојдневно работиме на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот пазар. Засега и техничките и правните процедури се добри, посебно со Законот за енергетика во кого е предвидена имплементацијата на сите европски регулативи и кој ја даде иницијативата. Во моментов се доработуваат сите акти во државата за сите ученици од операторот до дистрибутери и конекци. Очекуваме дека до крајот на годинава би требало формално да си ја завршиме домашната задача поврзана со сертификација и со одвојување на обновливите извори од изворите кои произведуваат електрична енергија од фосилни горива за да може конечно сите домашни и странски инвеститори во земјава следнаа година да станат учесници на европскиот обединет пазар, рече Ристов во одговор на прашање по денешната средба со новинарите во РКЕ.

Сега, како што рече, производителите имаат проблеми и не можат да ја плаисраат произведената електрична енергиј во Европа.

Реклама

-Оваа работа можеби можела и порано да се саботи, но се случи хиперпродукција во градбата на централите и за три години се изградија огроемн број. При тоа правната регулатива некако како да оди поспоро отколку изградбата на енергетски објекти со приватен капитал. Ќе направиме напори да направиме  се што е во наша можност д аим помогнеме на производителите што побрзо да станат дел од европскиот пазар, посочи Ристов.

Сертификацијата и начините на верификација и потврдувањето на производството го определува Министерството за животна средина и просторно планирање и не се во надлежност на РКЕ.