Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Се продлабочува соработката на универзитетите, институциите и бизнис-секторот – потпишан меморандум меѓу ИНОВА и државните универзитети

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемаштвото е целта на меморандумот што денеска во Владата го потпишаа ректорите на државните универзитети со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво (ИНОВА).

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Потпишувањето на меморандумот, според премиерот Мицкоски, претставува силна порака дека, како што нагласи, заедно можеме повеќе и оти преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемаштвото, за подршка на стартапите, за зголемување на конкурентноста на нашите компании и изградба на економија базирана на знаење. 

Реклама

– Особено е важно што оваа иницијатива отвора простор за подлабока соработка помеѓу универзитетите, институциите и бизнис-секторот, што може да резултира со нови проекти, заеднички изтражувања и крирање решенија со реална примена. На тој начин се создаваат услови за задржување на младите таленти и нивно активно вклучување во развојот на македонската економија – рече Мицкоски.

Иницијативата на ИНОВА за воспоставување соработка со државните универзитети, според него, претставува важен чекор за подобро поврзување на образованието, науката и економијата. Улогата на МОН и на универзитетите, заклучи, е од особено значење во градењето систем, кој ќе овозможи развој на квалитетен кадар, подготвен да одговори на современите предизвици. 

– Истовремено, поврзувањето со приватниот сектор и институциите создава основа за поефикасен трансфер на знаење и технологија. Фокусот на ова партнерство е во согласност со нашите стратешки приоритет, а тоа се поттикнување на иновациите, поддршка на претприемаштвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знаење – рече Мицкоски.

Потпишувањето на меморанумот, според министерката за образование Јаневска, е од стратешко значење за државата. Академската заедница, нагласи, е клучниот двигател на знаење, иновации и општествен напредок. 

– Овој меморандум не е само формален чин, тој е потврда на нашата заедничка определба да изградиме уште посилна врска и континуирана соработка меѓу државата, универзитетите, со јасна цел поквалитетно високо образование и поактивна научно-истражувачка дејност, која ќе ја остваруваме преку Агенцијата ИНОВА – истакна Јаневска.

Очекува универзитетите, а упати порака и до бизнис-заедницата, сите активно да се вклучат и да ја насочат својата научна и истражувачка работа токму кон оние области, каде што потенцијалот за напредок е најголем. 

Директорката на ИНОВА, Димовска, истакна дека со потпишувањето на меморандумот се прави чекор кој е многу повеќе од формалност.

– Ова е јасна определба за градење функционален систем, во кој знаењето се движи од универзитетите кон економијата, индустријата и кон општеството. Со квалитетни универзитети, талентирани студенти, имаме сериозен потенцијал, каде што наш предизвик е да го претвориме во реална вредност – истакна Димовска.

Меморандумот беше потпишан со ректорите на УКИМ – Скопје, ДУ – Тетово, УГД – Штип, УЈИЕ – Тетово, УКЛО – Битола, УСАП – Охрид и УМТ – Скопје, кои се обратија на настанот нагласувајќи ги придобивките од партнерството со ИНОВА и важноста на иницијативата за практична примена на знаењето.