Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Се позивесно дека ДУИ и СДСМ ќе имаат заеднички листи на парламентарните избори

Се поизвесно е дека СДСМ и ДУИ на следните избори ќе одат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поизвесно е дека СДСМ и ДУИ на следните избори ќе одат со заеднички листи. Иако тоа, прецизно не го потврди премиерот Димитар Ковачевски – одговорот во завиена форма дека со коалиционите партнери делат вредности, води кон тоа дека довербата од гласачите ќе ја бара заедно интегративците. Премиерот не одговори конкретно и дали ќе има консензуален кандидат за претседател на Македонија.

Како ќе изгледаат листите, тоа зависи од политичките партии, но СДСМ ќе има широка коалиција која што се покажала дека може да ги води успешно политиките и во државата и меѓународно. Влезе во НАТО, до 2030 година ќе влезе во ЕУ. Политичките партии исто така ќе се водат верувам од тие принципи, бидејќи коалиции се прават на база на вредности – рече Ковачевски.

На шест месеци од одлуката на граѓаните – кој ќе ја предводи државата, партиите се поделени. На едната страна се владејачките СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците. На другата страна се албанските опозициски партии, движењето на Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши) кои веќе се обединија под името Европски сојуз за промени и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Но во владиното партнерство изгледа ќе се појави уште еден проблем. Дека Димитар Ковачевски е единствениот кој уште му е верен на Али Ахмети, покажува и информацијата која ја доби Алфа од извори во Алијанса за Албанците дека партијата не остава никаква можност да оди на заедничка листа со ДУИ.

Заедничка листа на СДСМ и ДУИ подразбира дека на пример, во изборна единица број 6 (реонот на Тетово и Гостивар), носител на листата за пратеници ќе биде кадар на ДУИ, а второто место ќе биде резервирано за СДСМ. Во изборните единици 3 и 4 пак, (реоните на Штип, Велес, Струмица, Прилеп, Гевгелија) носител на листата би бил СДСМ, а подолу местото ќе биде за ДУИ.