Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Се помалку млади по нивите, власта со сериозни грантови ќе ги мотивира да се занимаат со земјоделство

Иднатата на државата е во производството на храна, а Македонија има плодна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднатата на државата е во производството на храна, а Македонија има плодна земја и тоа треба максимално да се искористи. Наместо младите да бегаат во странство, треба да останат дома и да развиваат сопствени бизниси. Вака размислува младиот Христијан Ристоманов, од Струмица, студент во четврта година на Земјоделскиот факултет, на штипскиот Универзитет. На нивите што ги наследил од својот татко и дедо, одгледува раноградинарски производи. За овој факултет се одлучил како што вели, да  им  олесни  на своите родители, но и да создава и придонесува за државата во која е роден.

   „ Ние произведуваме градинарски производи засеани на мали површини. Од културите произведуваме рукола, тиквици, магданос. Јас сакам мојот семеен бизнис да го унапредам со нови техники и технологии кои би можеле да ги примениме, со цел да го зголемам производството за во иднина да биде поисплатливо и порентабилно„ изјави-Христијан Ристоманов.

Но, не сите млади, својата иднина ја гледаат во обработката на земја.  Бројот на млади земјоделци е мал. Лошиот пласман и ниските откупни цени во минатотот, се причина за многу млади, мотиката да ја заменат со компјутер, вели Јован Трајковски, преставник на семејна компанија која откупува земјоделски производи.

Реклама

  „Младите повеќе се орјентираат кон дигиталните работи со компјутери. Се помалку сакат да работат на нива бидејќи е тешка и макотрпна работа. Се работи по цел ден, а често пати се случува земјата да не ги даде очекуваните резултати или пак крајната цена да биде многу мала„ вели Јован Трајковски, претставник на семејна компанија која тргува и произведува земјоделски производи.

За да се промени ситуацијата и младите повторно се вратат на нивите Министерството за земјоделство, веќе за наредната година најавува сериозни грантови. Освен финансиски, се планираат и други мерки со кои ќе се врати рентабилноста на  земјоделското производство..

Александра Ристевска