Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Се погласни барањата за повторување на пописот во Албанија- сите малцинства освен бугарското потпишаа Декларација

Малцинствата во Албанија бараат нов попис. Ниту една етничка заедница освен Бугарите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малцинствата во Албанија бараат нов попис. Ниту една етничка заедница освен Бугарите, не ги признава пописните резултати. Македонците, Грците, Египќаните, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите и Црногорците, потпишаа заедничка декларација со која бараат спроведување посебен попис врз основа на меѓународните стандарди. Причината спроед нив се нереалните резултати од пописот, и фактот дека во попишувањето биле вмешани државни функционери и структури без надлежност и законска оправданост, за што имало и соодветни пријави.

„Попишувањето на малцинствата кои живеат на територијата на Република Албанија уште еднаш не успеа да ги спроведе најдобрите практики на ова поле, во однос на соработката со претставниците на малцинствата, наше директно учество во процесот, подготовка на јасен билтен за прашања од карактерот на етничкото потекло, мајчиниот јазик и верската припадност“, стои во Декларацијата.

Според нив,  резултатите објавени со неоправдано доцнење од Државниот завод за статистика се неприфатливи, неосновани и претставуваат јасен показател за волјата вештачки да се ограничат нумеричките големини на малцинствата. Ова го поврзуваат со дискриминаторските политики, неспроведување на правата што им припаѓаат на малцинствата.

Реклама

Едно од највознемирувачките прашања беше постојаниот и неправеден притисок од Бугарија за прогласување на македонското малцинство за бугарско. Оваа надворешна интервенција, неприфатлива и неовластена, го наруши правото на секој граѓанин слободно и без надворешни влијанија да се изјасни за својата етничка припадност. Албанските институции, наместо да гарантираат фер и непристрасен процес, се чини дека отворено ги помогнаа бугарските напори, дозволувајќи им на бугарската амбасада, фондации и групи да се мешаат во внатрешните работи на нашата земја. Ова резултираше со манипулиран и несигурен пописен процес, каде што законски заштитените податоци беа јавно објавени, за време на пописниот период, од поединци во Бугарија, изјави претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски.

Партијата на Македонците веднаш откако излегоа резултатите од пописот алармираше дека бројките не се точни. Стерјовски претходно изјави дека во Албанија живеат над 100 илјади Македонци, но македонското малцинство се признавало само во областа на Преспа, општина Пустец а не се признаваат Македонци во областа Гора и Голо Брдо и врз нив изминатите години е вршен притисок да не ја декларираат својата македонска припадност.

Веќе подолго време тие од партијата алармираа дека бугарската пропаганда за време на пописот се засилила со притисоци и заплашувања кон Македонците да се пишат како Бугари, а албанските власти не презеле никакви мерки за да им гарантираат слободно изјаснување.