Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Се одржа 58. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 58. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд, којшто е во фаза на изработка, на тема „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Народната банка се одржа 58. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд, којшто е во фаза на изработка, на тема „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од авторките проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари. 

Како што соопшти прес-службата на Народната банка, сесијата ја отвори директорката на Дирекцијата за монетарната политика и истражување Билјана Давидовска-Стојанова, којашто истакна дека нефукционалните кредитни пласмани претставуваат еден од најголемите предизвици за стабилноста на финансискиот систем и од тие причини тие редовно се следат и се анализираат.

– Високото ниво на нефункционални кредити директно влијае врз ликвидноста и солвентноста на банките, нивната профитабилност, а може да создаде и системски ризици коишто можат да предизвикаат банкарски кризи. Оттука, утврдувањето на детерминантите на нефункционалните кредити е од особено значење за носителите на политиките и регулаторите, со цел навремено да се откријат слабостите и да се зачува целокупната финансиска стабилност во една економија – истакна Давидовска-Стојанова.

Реклама

Во името на авторките, наодите од истражувањето ги презентира Беџети Бафтијари, која истакна дека главната цел на анализата е да се даде поширок поглед за стабилноста на банките, преку испитување на детерминантите на нефункционалните кредити во економиите од Западен Балкан. Резултатите од панел-процените за период од 22 години укажуваат дека макроекономските фактори, како што се бруто домашното штедење, вработеноста и реалните каматни стапки, имаат најголемо влијание врз нивното ниво. Оттука, подобрувањето на економските услови може значително да придонесе за ниско ниво на нефункционалните кредити и за зајакнување на финансиската стабилност во регионот.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија е планирана за септември оваа година.