Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка (НБ) се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Народната банка (НБ) се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 12 години.

На оваа сесија, како што информираат од НБ, беше претставен научниот труд „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“ од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева Терзијан, којашто истакна дека трудот обработува исклучително актуелна тема, особено релевантна за централната банка, имајќи ја предвид нејзината улога во спроведувањето на макропрудентната политика и за одржување на финансиската стабилност. Оттука, оцената на фундаменталната вредност на становите е од посебно значење за согледување на одржливоста на растот на цените на недвижностите, за навремено препознавање и спречување на натрупувањето на системски ризици и соодветна поддршка на финансиската стабилност.

Во анализата е изработен показател за оцена на цените на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентниот пристап за анализа на капацитетот за позајмување. Показателот за капацитетот на домаќинствата за позајмување е пресметан како сооднос на пазарната и фундаменталната вредност на недвижностите, така што повисоката фактичка пазарна цена укажува дека цените на становите се преценети и со тоа се понедостапни, и обратно. Од анализата на македонскиот пазар на недвижности за периодот од кв. 1 од 2012 до кв. 4 од 2023 година, авторите заклучуваат дека цените на становите биле преценети речиси во целиот анализиран период. Анализата на чувствителноста на макропрудентните инструменти упатува дека намалувањето на регулативниот праг на показателот ДСТИ, којшто централните банки го користат како инструмент за спречување на прекумерната задолженост на населението, би ја намалило фундаменталната вредност на становите. Намалувањето на показателот ДСТИ би можело делумно да предизвика опаѓање на цените на становите, но ефектот би бил ограничен затоа што само дел од купопродажбите се финансирани преку станбени кредити. Сепак, имајќи предвид дека се работи за само еден можен аналитички пристап за оцена на фундаменталната вредност на становите, резултатите треба да се толкуваат претпазливо.

Реклама

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија ќе се одржи во март наредната година.