Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Се одмотува клопчето за криминалите во ЕСМ – се водат шест нови предистраги за тендери

Контроверзните набавки на јаглен и мазут во државните електрани не завршуваат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Контроверзните набавки на јаглен и мазут во државните електрани не завршуваат со случајот „Адитив“. Се одмотува клопчето за криминалите во енергетскиот сектор кои ги правела претходната власт.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски обелодени дека се водат уште шест предистражни постапки за работењето на ЕСМ и се тресе документацијата за тендерите, по отворањето на истрагата за случајот „Адитив“ во кој се опфатени 23 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски по кој е распишана меѓународна потерница бидејќи е во бегство.

„Па, има. И еве првпат ќе ви соопштам дека во моментов Основното јавно обвинителство Битола работи на шест постапки за тендери. Плус работи и на други, за други постапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму, што значи дека има доста работа. Се прибираат докази. Во еден дел активирани се и МВР и БЈБ со нивното Одделение за сузбивање на криминалот, така што во скоро време очекувам и таму да имаме резултати“, изјави државниот јавен обвинител.

Реклама

Од први февруари се очекува отворање на истражен центар во Битола кој ќе биде од голема помош за детално да се истражат случаите – уверува Коцевски. Во меѓувреме, обвинителите во Битола со полн капацитет ги истражувале злоупотребите за кои има сериозни сомнежи.

„Од ова што го имам како информација, ОЈО Битола интензивно работи, со полн капацитет, на оОд вие предмети. Со тоа што од први февруари ќе формирам и таму истражен центар. Истражен центар останува да се формира во ОЈО Битола и во ОЈО Штип, така што се надеваме дека ќе биде од голема помош“, изјави Коцевски.

Кон крајот на ноември минатата година беше отворена предистрага за предметот доставен до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Две недели подоцна, големата полициска акција заврши со поднесување на 23 кривични пријави за лица кои се осомничени дека учествувале во набавка на адитиви за потребите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“, кои не само што биле платени неколкукратно поскапо од пазарната цена туку потоа и речиси не се употребувале. Има сомненија и дека адитивот предизвикал и штета на машините, таму каде што бил употребен. Осум од осмничените завршија во притвор.

По ова, следуваше бегството на екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, за кого на 30 декември беше распишана меѓународна потерница.