Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Се очекува конечна одлука од УПОЗ за понудата на Владата

Едните прифатија, другите тактизираат со конечна одлука. Откако вчера Конфедерацијата на слободни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едните прифатија, другите тактизираат со конечна одлука. Откако вчера Конфедерацијата на слободни синдикати го прифати предлогот на Владата за покачување на платите на 7.800 работници во управата и правосудните органи, органите од Синдикатот на УПОЗ се уште анализираат. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски првично го прифати предлогот, иако според него биле понудени плус 8%, наместо бараните 10% и покрај тоа што во порастот на платите ќе влијаe и зголемувањето на минималецот. Тој рече дека поради задоцнувањето од една година од нивното барање, членовите може и да не прифатат, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од тоа што сега е понудено. Сепак, 95% од синдикалците се изјасниле „за“.

„Од досега пристигнатите изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањето на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страна на Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо. По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор“ – велат од УПОЗ.

Од КСС пак велат дека уште веднаш ја прифатиле понудата, како што потенцираа без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Веќе прават подготовки за склучување на поединечните колективни договори.

Реклама

Премиерот Мицкоски ја оцени средбата со УПОЗ како конструктивна и рече дека очекува одговор дали владиниот предлог е прифатлив. Тој вели дека им ги образложиле  условите и правилата за покачување на платата за 40% во следните две години и неколку месеци. Доколку одговорот е позитивен, Мицкоски најави дека од понеделник ќе почне подготовката на документот на  синдикалниот договор.

Пресметките покажуваат дека ако некој административец  во управата и правосудните органи сега има плата од 35 илјади денари, со покачувањата во три наврати, во 2028-ма ќе заработува речиси 50 илјади денари месечно.

Мицкоски најави и план за намалување на платите на над илјада функционери. Тој рече дека стратегијата на Владата е со постепено намалување на коефициентите, до крајот на мандатот, функционерските плати да се вратат на нивото пред зголемувањето од 78% во 2023-та година.