Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Се наѕира изборното ливче за претстојните локални избори во речиси сите општини

Се на наѕира изборното ливче за претстојните локални избори во речиси сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се на наѕира изборното ливче за претстојните локални избори во речиси сите општини. Поголемите партии веќе ги објавија, речиси 90 процненти од кандидатите, кои ќе ја бараат довербата од електоратот за четиригодшино општинско владеење. Контурите се исрцртани за град Скопје каде битаката е најинтересна.

Орце Ѓорѓевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Скендер Реџепи Зејд од Европски фронт, Башким Бакиу од Вреди, а иницијативи до ДИК за градоначлник на Скопје доставиле и шест независни кандидати меѓу кои и Горан Марковски од независни заедно. ВМРО-ДПМНЕ вчера објавија уште 16 кандидати за градоначалници кои како што велат од партијата, се проверени и блиски до граѓаните. Од владејачката партија потврдија дека за Куманово и Центар ќе ги поддржат кандидатите на ЗНАМ кои ќе бидат објавени деновиве.

„Се помогнаа општините со 250 милиони евра, со кои се решија децениски проблеми со кои се соочуваа нашите граѓани. И тука не запираме, продолжуваме и повторно со нови проекти. Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие 4 години како локална и 1 година како централна власт“, изјави Ѓорѓија Сајковски, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

СДСМ веќе стигна до бројка од 60 потврдени кандидатури, а од опозиционата партија ги претставија како чесни и посветени луѓе, кои работат за интересите на граѓаните. СДСМ од експертите беше критикувана за изборот на кандидати бидејќи повеќе се потпирале на квантитет, отколку на квалитет, посебно по скандалот со сегашниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов. Тој извиси за трет градоначалнички мандат.

Сега кандат за градоначалник на Струмица од СДСМ е Маријан Даскаловски кој важи за близок човек до Венко Филипче. Кандидат за Струмица од ВМРО-ДПМНЕ е Петар Јанков. Битката за Чаир се смета за клучна на локалните избори. ВРЕДИ и ДУИ односно Изет Меџити и Бујар Османи ќе ги измерат силите во Чаир. Во Тетово изборна битка помеѓу Бајрам Реџепи од ДУИ и Биљал Касами од Вреди.