Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Во објавата на Фејсбук, тој посочува дека од средишната шахта на булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи.

– Сторителот е пронајден, постапуваме веднаш! Никој не смее да го загрозува здравјето на скопјани. Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина, објави Ѓорѓиевски.

Тој информира дека се змени проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице.

Реклама

– Детално ќе биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси. Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки. Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите, напиша во објавата градоначалникот Ѓорѓиевски.