Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

Во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола веќе се печатат гласачките ливчиња за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола веќе се печатат гласачките ливчиња за Локалните избори 2025 закажани за в недела 19 октомври. Дистрибуцијата на недоверливиот и доверливиот материјал за гласањeто до Општинските изборни комисии, а потоа и до Избирачките одбори ќе се спроведе до крајот на неделава. Во сабота први гласаат болните и немоќни лица, лицата во домашен притвор, затворениците и лицата во странските домови. 

Од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека дистрибуцијата на доверливиот материјал – изборните ливчиња и Избирачкиот список од печатницата до општинските изборни комисии ќе се диустрибуираат во четврок додека во петок ќе бидат доставени апаратите за биометриска идентификација. Дистрибуцијата ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. Доверливиот материјал ќе се обезбедува од полицијата до самиот ден на гласање односно до недела 19 октомври.  

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. Гласање во дијаспората за Локалните избори нема согласно Изборниот законик, така што оние што сакаат да го искористат своето право на глас треба да допатуваат во земјава. 

Реклама

Во печатницата „Киро Дандаро“ се печатат онолку ливчиња колку што има запишани гласачи во Избирачкиот список и тоа за градоначалник и за советници, по 1 832 415, и дополнително за градоначалник на Град Скопје и за советници, каде право на глас имаат вкупно 474.304 избирачи.   

За печатење на избирачките ливчиња се предвидени 48 милиони денари, но колку ќе бидат потрошени ќе се знае откако ќе се види согласно резултатите каде ќе има втор круг од изборите и уште колку ливчиња ќе биде потребно да се испечатат. 

Завршуваат и роковите поврзани со изборните дејствија. На полноќ завршува рокот за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, додека утре на полноќ (14 октомври) завршува рокот за пријавување за гласање на лицата во домашен притвор. 

За гласањето во сабота на 18 октомври, пријавени се околу 9.000 болни и немоќни лица, што е повеќе од локалните избори во 2021. Во сабота гласаат и 2.162 затвореници и 450 избирачи од домовите за стари лица. 

Во недела гласањето почнува во 7 часот изутрината и трае до 19 часот. Се гласа само еднаш, гласањето е тајно, а и на овие избори за идентификација на гласачите ќе се употребуваат апаратите за биометриска идентификација. 

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.