Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Се е подготвено за годинашниот Вевчански Карневал

Со зурли, тапани, песни и свечен василичарски амбиент почна традиционалната прослава на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со зурли, тапани, песни и свечен василичарски амбиент почна традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани која кулминира со Василичирскиот маскенбал,кој според некои записи имат 1.400 годишна традиција.

Посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена,а многумина ги прават и последните подготовки за да се приклучат на уличниот театар и да го заиграат Василичарското оро.Дефилето на  василичарите се очекува да започне секој момент, а до тогаш во старите огништа ќе се приготвува кашаник –традиционален вевчански специјалитет кој се послужува со луканици , – вевчански домашни колбаси и  домашно биено сирење и кисело млеко. На маскенбалот уживаатбројни домашни и странски гости кои се напија и по  некоја чашка греена ракија. За некои карневалот е вистинско откритие.Годинава Вевчани го има можеби и најмалиот василичар откога постои карневалот.

 “Јас мислам дека нема помлад ,а плус тоа е женско,а женските се понов елемент во самава карневалска веселба.Mалата се вика Ана и има само 3 месеци”-вели Анастас Ќушкоски-хроничар

Реклама

Вевчани живее за големиот христијански празник Свети Василиј кога илјадници василичари под маски, ги исмејуваат негативните општествени појави, но и актуелните политички случувања кои ја одбележаа годинава што измина.Го прашавме градоначаникот како ќе реагира доколку неговиот лик се најде меѓу маскираните?

Изјава Спасе Кочовски-градоначалник на Вевчани:02:45 “Како би реагирал, би примил нормално.Ако има ќе има, што сум правел, ако сум згрешил нешто ќе го видите и тоа.Ќерка ми се маскира па не знам излегоа од дома имаа нешто на нив,одат во друга куќа таму се доправаат.Интересно е искуството кога дома имате василичар кој се подговтува? Интересно е бидејќи јас кажав дека не се маскирам никогаш сум се маскирал меѓутоа децата мои се маскираат.

Откако постои Вевчани,од тогаш постои и карневалот. Се маскираат 40 проценти од населението,а карневалот трае цели 48 часа.Со топла ракија и греано вино, лесно се издржува, велат вевчанци.