Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

„Сејф Сити“ ги дава посакуваните резултати: пад од речиси 30 проценти на сообраќајните несреќи во споредба со лани

Новиот систем за строги казни и почутување на сообраќаните правила „Сејф Сити“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот систем за строги казни и почутување на сообраќаните правила „Сејф Сити“ полека, полека ги дава посакуваните резулати. Статистиката покажува пад од цели 27 проценти на бројот на сообраќајни незгоди овој месец во споредба со истиот период лани. Според официјалните податоци, на подрачјата каде што е поставен безбедносниот систем бројот на сообраќајни незгоди е значително намален.

Во периодот од 01.02.2026 до 23.02.2026 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 регистрирани се вкупно 208 сообраќајни незгоди.

Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 регистрирани се вкупно 288 сообраќајни незгоди.“- се вели во податоците од МВР.

Реклама

И покрај намалениот број на незгоди, во периодот од 1 до 23ти февруари годинава две лица го загубиле животот во сообраќајка, а 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Во истиот период лани, животот го загубило едно лице, а 15 лица имале сериозни последици.

Во периодот од 01.02.2026 до 23.02.2026 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 две лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во истиот период констатирани се 16 сообраќајни незгоди од кои 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 едно лице го загубило животот во сообраќајна незгода. Во истиот период констатирани се 15 сообраќајни незгоди од кои 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.“- велат од МВР.

Според податоците, најчести причини за сообраќајните незгоди и натаму се пребрзо возење, возење под дејство на алкохол, минување на црвено и непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Откако стапи во функција системот, таму каде има камери, регистрирани се вкупно 14.391 сообраќајни прекршоци.

Изминатата недела се изречени вкупно 4.910 казни од кој најголем дел и понатаму се за пребрзо возење. Бројот на прекршоци за минување на црвено светло е намален дури за 51%, а има и пад од 20,9% во бројот на изречени мерки за забрана за управување на возило во однос на минатата седмица.