Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ неосновано ги напаѓала за проектот за нови автопати

„СДСМ како одговорна политичка партија и кога ја предводи владата, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„СДСМ како одговорна политичка партија и кога ја предводи владата, но и кога е во опозиција силно ќе ја поддржи изградбата на стратешките проекти од национално значење“ – уверува Благој Бочварски.

Според него, она што го говорела ВМРО – ДПМНЕ како опозиција, по само четири месеци од владеењето станало јасно дека биле празни флоускули, гола критика и желба по секоја цена да се оцрни тогашната власт.

– Ниту бил непотребен, ниту бил криминален проект, проектот за изградба на 110 километри автопати. Дел од нив и по најтешките планински предели во државата, е проект кој се реализира во соработка со нашиот стратешки партнер САД, рече Бочварски.

Реклама

Како политичка партија остануваат на тврдењето дека новиот модел на градење е побрз поефикасен и побргу ги дава резултатите на терен.

– Додека Владата на СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието, се со цел да го забави инфраструктурниот раст и развој на државата. Денеска конечно ја разбраа суштината на она кое со месеци го говориме дека брзата изградба на европските коридори е возможна само доколку се работи според модифициран фидик во фазна градба со силен изведувач, кој паралелно ќе проектира и ќе гради на терен, нагласи Бочварски.