Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

СДСМ пука по шавови, кој ќе го наследи Димитар Ковачевски?!

Филипче, Спасовски, Деспотовски, Петровска, Богоев, или ќе се врати Заев? Кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче, Спасовски, Деспотовски, Петровска, Богоев, или ќе се врати Заев? Кој ќе го замени Димитар Ковачевски на претседателското столче во СДСМ ќе се одлучи идниот период.

По историскиот пораз кој социјалдемократите го доживеаа на 8 мај, екс премиерот се повлече од претседателската функција во СДСМ и побара тоа да го направи целото партиско раководство. Според него, партијата ќе морала да ги согледа грешките од минатите седум години, но и да се реформира – а тоа можеле да го направат само луѓе кои немаат никаков багаж.

Дали тоа се овие петмина чии имиња постојано кружат во јавноста како претенденти за таа позиција?

Реклама

Поранешниот министер за здравство, кој има блиски релации со екс премиерот Зоран Заев, подолго време се споменува како иден лидер на социјалдемократите. Оливер Спасовски,  кој го спремаа за кандидат за претседател на Македонија, се шпекулира дека имал амбиции да застане на чело на партијата. Од друга страна пак, дека амбиции има и Јован Деспотовски, покажуваат и неговите јавни критики кон Ковачевски – тој веднаш по изборите повика што поскоро да се одржи Конгрес за промена на лидерот на партијата, а денеска повторно реагираше дека оставката на Ковачевски била задоцнет но правилен чекор. Министерката за одбрана Петровска и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, веќе јавно ги искажаа своите амбиции за оваа позиција. Враќањето на Зоран Заев кој поднесе оставка по поразот на локалните избори, се шпекулира веќе подолго време.

Но не се решава се, само со оставка. Потребен е ремонт.

Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновување на идеолошката и вредносна матрица. Aналитичарите се децидни дека СДСМ требаше да ја научи лекцијата од локалните избори во 2021 година, бидејќи проблемите во партијата не се решаваат само со промена на лидер, туку со вистински здружување и окрупнување на социјалдемократските вредности.

Тие требаше да се реформираат по 2021, со цел да ја зачуваат партијата, веројатно не сакаа да го чујат тој глас, освен што замина тогашниот претседател Заев а дојде Ковачевски и не го промени курсот. Најважно е здружување и окрупнување на членството преку изнаоѓање соработка со вистинските социјалдемократски вредности, но и прочистување на сите оние кои придонесоа за оваа ситуација – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

По исходот од изборите, оставки од партиските функции во СДСМ поднесоа четворица потрептседатели – Фатмир Битиќи, Јована Тренчевска,Перо Костадинов, Сања Лукаревска и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ.