Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

СДСМ повторно бега од соочување на ТВ Алфа, Филипче одбива јавна дебата

Господине Филипче, јас сум од медиумот телевизија Алфа, па би сакала и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Господине Филипче, јас сум од медиумот телевизија Алфа, па би сакала и да ви упатам покана да дојдете кај нас во емисија, во вести или било кој формат. Повеќе пати сте поканети, па, ако сакате отворени се вратите на Телевизија Алфа, се што сакате да порачате слободно може да дојдете кај нас секако порачате и еве би сакала да добијам одговор дали ќе дојдете, кога ќе дојдете, сакате ли да дојдете.

Наместо културен одговор на културна покана за гостивање и соочување на аргументи – повторно директен напад и закана.

Наместо соочување , нов бран обвинувања – Алфа го кани на гостување, Филипче не обвинува дека сме перална за пари. Демократскиот капацитет за кој лидерот на СДСМ зборува гласно – го покажа на дело.

Реклама

Ќе дојдел, ама откако ќе не ослободел од црните канџи кои не држеле. Канџите на медиумскиот унгарски октопод. Иако со години не доаѓаат во телевизија Алфа, иако со години нашиот медиум е под постојан напад на социјал-демократите , сепак телевизијата и покрај кривичната пријава на СДСМ ги отвора вратите за дебата пред очите на јавноста , затоа што нема што да криеме.

Но наместо Филипче да дојде тој реши и понатаму да ја продлабочува војната со медиумите. Тој ќе не ослободел, – така рекол идниот премиер на Унгарија кој рекол дека ќе расчистал со медиумскиот чадор на Орбан.

Ќе дојдам кога ќе ве ослободам. Ќе ве ослободам од канџите коишто се ставени врз вашиот медиум, од црните пари коишто доаѓаат од Унгарија. Поради тоа што има доказано или барем сомнеж дека таа телевизија се користи за перење пари. Кога ќе ве ослободам од тој наратив што го ширите антиевропски и дискредитациони политики кои што ги креирате и ги спроведувате, ако се прашува Телевизија Алфа, јас сум хипер корумпиран човек којшто гради згради во Дубаи и има куки. Не знам каде низ Скопје ваши новинари одат и се сликаа пред куки во Нерези што нема никаква врска со мене.

Паралелно со тоа, тој се обиде да ја пренасочи темата кон наводни кампањи против него, споменувајќи приказни за имот и конструкции кои, според неговите тврдења, немаат никаква основа.

Човекот кој е јавна фигурна и е подлежен на критика и чешлање на неговиот имиот , вели не сме се извиниле што сме правеле прилози , каде се поставувале дилеми.

Во исто време прашан дали тој ќе се извини што на јавна сцена ја оцрнува телевизија , само кратко одговори –

Дали ќе се извините кога сѐ ова што тврдувате ќе се докаже дека е невистина?  Јас сум спремен да дебатирам на било која тема. прашање – Ќе се извините? – Ќе дебатираме на било која тема.

Ваквите напади кон телевизија Алфа, не се случуваат прв пат. Во време на вледеењето на СДСМ , нашиот медиум беше повторно под напад од социјал-демократиет и беше предмет на секојдневни инспекции и поверки, а не беше пронајдена ниту утврдена ниедна нерегуларност.