Реклама
Македонија

СДСМ објави писмо од свиркач за наводен криминал во Пошта

СДСМ денеска излезе со нови обвинувања, повикувајќи се на свиркач и објавувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ денеска излезе со нови обвинувања, повикувајќи се на свиркач и објавувајќи нови детали за наводен криминал во Пошта. На прес-конференција прочитаа наводно писмо од вработен во институцијата, за кое велат дека им било доставено ним.

Во писмото, според тврдењата на СДСМ, се наведува испумпување народни пари преку фирма блиска до партијата ЗНАМ, која добила тендер за хигиеничарски услуги. Тие обвинуваат дека во околу десет подружници имало само по еден хигиеничар, а не по двајца, како што било предвидено со договорот.