Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите.

Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, соопшти денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ Симона Цветановски на прес-конференција. 

Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување.  Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа.

Реклама

Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“.

Токму затоа и го сменија Законот за странци.  Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако.

Значи сѐ е подготвено. Резолуција во Собрание против слободата на говорот, Закон за странци, доаѓаат „економски работници“

Може да ги нарекуваме „економски работници“ сѐ додека Мицкоски не им додели пасоши, а потоа – ќе станат рамноправни граѓани на Македонија, со сите права што следуваат.

Договор си е договор.

Засега, во буџетот „недостига“ само една милијарда евра.

Само ДПМНЕ не се грижи за ништо. За граѓаните нема пари, но има доволно пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери.