Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СДСМ: Истражувањето на ИПИС воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија

Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија, туку чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата, се вели во соопштението од СДСМ.

Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори.

По воведувањето на забраната на слободата на говор и објавувањето на вистината за криминалните тендери ДПМНЕ е во слободен пад.

Реклама

Кога веќе прават вакви анкети (веројатно испитаниците се „жители“ на Белата палата), можеле барем да излезат пред сопствената зграда и да постават едно вистинско прашање во анкетата — а можеби и го направиле?!

„Дали сте за тоа во Македонија да дојдат мигранти кои, поради свои криминални дела, се протерани од земјите на ЕУ?“(во заграда може да стои: „ќе добиеме пари – за тендери“)

Па, со нетрпение чекаме ДПМНЕ да го објави и ова „истражување“.

И што велат граѓаните?

Уште едно прашање. Зошто ДПМНЕ прави анкети на секои десет дена?

Дали тоа е показател за паника и страв затоа што се разоткриени, или станува збор за стандарден дел од нивниот план, по инструкции на Вучиќ, во рамки на подготовките за пролетните избори?

Можеби им се брза, па нема да чекаат како Орбан и Вучиќ до април. Можеби ќе мора и во март — пред вистината да стигне во секој дом во Македонија.

Сметаме дека граѓаните ги заслужуваат овие одговори.