Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

СДСМ го накити Скопје со предизборни билборди

Изборите се тек во мај, ама владејачката СДСМ на големо веќе почна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборите се тек во мај, ама владејачката СДСМ на големо веќе почна со изборната кампања и тоа ни помалку ни повеќе фалејќи се со реализираните антикризни мерки кои ги донесоа токму во предизборието. Огромен дел од аналитичарите и познавачите го окарактеризираа мерките предизборен поткуп, оти истите важат точно до месец мај, месецот кога и се гласа за нова влада.

Па така ако се шетате или возите накај парк може да видите на огормен билборд како СДСМ кои 7 години ја водат оваа држава, ни кажуваат како им помогнале на учениците со финансиска помош од 1200 денари за основците и 1800 денари за среднишкоците, и тоа не за сите. Спорно е тоа што иако парите се одвоени од буџетот кој го полнат граѓаните, СДСМ преку билборди тоа си го препишуваат како своја заслуга. А инаку токму учениците беа оние кои меѓудругото немаат повеќе од една ипол учебна година. Учат од скрипти и прибелешки фатени на час. 

Ако продолжите со возење накај Собрание пак, и тука има голема реклама, но сега за пензионерите. Колку пари им дале дополнително, но и овие пари нема редовно да ги примаат највозрасните туку само од декември минатата година до мај годинава. Овие средства владата ги обезбеди како помош во деветтиот пакет антикризни мерки.  Овие мерки дојдоа само неколку месеци откако речиси сите поголеми градови, беа бликирани од протестите на највозрасните кои бараа линеарно покачување на пензиите и минималната пензија да изнесува колку минималната плата, за барем да можат лекови и храна да си купат, а не да бираат што е приоритет. Владата тоа не го исполни, само им даде по некоја иљадарка плус и тоа на одредено време.

Реклама

И додека минатата година сметките за струја го достигнаа својот врв, граѓаните во страв не пуштаа греење, СДСМ се пофалија дека субвенционирале дел од сметките за струја дури 90 процети. Зошто тогаш ги покачија толку енормо, ако да ги субвензионираат? Но не се само билборди во прашање, владејачката гарнитура која имаше 7 години да нарпави промени и да го подобри животот на граѓаните, секојдневно со едни те исти прес конференции ветува и зголемување на платите.

Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма ,ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни“, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

Ова го зборува Каевски кога инфлацијата си го зема својот данок, а животниот стандард толку порасна што порастот на платите кај некои семејства не ја покрива разликата.

СДСМ веќе почаа и со партиски средби со граѓани, каде и овој пат веруваат подобар живот, нешто што во двата мандати, народот не го забележа.