Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија на завршната културна вечер за 2025 во Македонскиот КИЦ во Софија

Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја организираше завршната културна вечер за 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја организираше завршната културна вечер за 2025 година, насловена „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија“,која ја потврди живата сила и духовната длабочина на македонската култура.

На настанот на 19 декември, присуствуваше и македонската амбасадорка Агнеза Руси – Поповска, која позитивно се осврна на културната година во Македонскиот КИЦ во Софија. Таа ја истакна разновидноста и значењето на реализираните настани, кои оставија траен белег на публиката и ја афирмираа културната видливост не само на македонската заедница во Софија, туку и на македонскиот идентитет, историја, традиција, наука и на Македонците на секаде во светот. 

Под водство на актерот и режисер Васил Михаил и музичарот и гитарист Слободан Боби Ѓошиќ, стихови од богатата и вечна македонска творечка народна ризница, како и стихови од големите македонски автори, великани на поезијата, меѓу кои првописателот Свети Климент Охридски, како и творците: Григор Прличев, Константин Миладинов, Никола Вапцаров, Кочо Рацин, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Ацо Караманов, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Радован Павловски, моќно одекнаа сред срцето на Софија и оживеаа пред публиката, пренесувајќи ја нивната духовна сила и континуитет на македонското книжевно наследство.

Реклама

Настанот, како што информираат од Македонскиот КИЦ во Софија, беше посебно дизајниран да ја оживее македонската поезија како скапоцена духовна вертикала. 

-Публиката во Софија ја следеше програмата со восхитеност, големо внимание, носталгија и видно задоволство. Присутните не само што уживаа во богатството на македонската литература и музика, туку ја почувствуваа длабоката врска со македонскиот идентитет и традиција, што создаде чувство на заедништво и гордост. На вечерта беше потенцирано дека Македонија има свои посебности и свој јасен македонски идентитет, кој се афирмира и живее преку вакви културни настани, нагласуваат од Македонскиот КИЦ во Софија.

Овој завршен настан ја круниса успешната 2025 година за Македонскиот КИЦ во Софија, која се покажа како жив и видлив центар на македонската култура, место-извор каде поезијата, музиката и традицијата се спојуваат и оживуваат пред публиката, будејќи го македонскиот дух. Настанот го потврди значењето на Македонскиот културен центар во Софија како институција која ги афирмира и брани македонските културни вредности и духовната самобитност на македонската заедница во Бугарија и на Македонците насекаде во светот.