Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 забележан е пад на перформансите во читањето и математиката на глобално ниво. Во Македонија, 15-годишните ученици имаат пониски резултати по математика во споредба со 2022 година, додека постигнувањата по читање и наука остануваат на приближно исто ниво.

Тестирањето ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации, покажало и дека учениците во земјава постигнале пониски резултати од просекот во сите три главни области, како и во делот за решавање компјутерски проблеми. Исто така, од тестирањето може да се види и дека најголем дел од учениците во земјава се соочуваат со сериозни недостатоци во основните вештини.

Реклама
Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги ме

Во делот на математиката само 32 отсто од учениците достигнале барем основно ниво на познавање. Просекот на ОЕЦД изнесува 65 проценти. Но, истотака, околу 1 процент од учениците во Македонија постигнале најдобри резултати во математика, што значи дека постигнале ниво 5 или 6 на тестот за математика.

Кај науката, околу 36 проценти од учениците во земјава ги совладале основните концепти. Резултатите од ова спроведено тестирање покажуваат и дека овие ученици можат да го препознаат точното објаснување за познати научни феномени и можат да го користат таквото знаење за да идентификуваат, во едноставни случаи, дали заклучокот е валиден врз основа на дадените податоци. Но, во извештајот се потенцира дека во оваа област ниту еден ученик не се искачил на највисоките нивоа 5 или 6.

Околу 26 проценти од учениците во Македонија постигнале ниво 2 или повисоко во читање, но, нити еден од тестираните ученици не ги достигнале највисоките нивоа.

-Како минимум, овие ученици можат да ја идентификуваат главната идеја во текст со умерена должина, да најдат информации врз основа на експлицитни, иако понекогаш сложени критериуми и можат да размислуваат за целта и формата на текстовите кога се експлицитно насочени кон тоа – се наведува во резултатите.

Во објавениот извештај со резултатите од ова тестирање се наведува дека во периодот од 2022 до 2025 година е забележано зголемување на јазот меѓу 10 проценти од учениците со најдобри резултати и 10 отсто од оние со најслаби постигнувања во сите три области – математиката, читањето и природните науки.

Во однос на употребата на технологијата, дури 33 проценти од учениците во Македонија пријавиле дека нивните соученици често се расеани од дигиталните уреди за време на часовите по наука, што директно се одразува врз постигнувањата – оние кои пријавиле дигитално расејување постигнале во просек за 22 поени пониски резултати. Во обид да го сузбијат овој проблем, се наведува во извештајот 60 отсто од училиштата во земјава вовеле забрана за користење мобилни телефони.

Истовремено, вештачката интелигенција станува секојдневие за македонските ученици. Дури 44 проценти од нив изјавиле дека користат вештачки чет-ботови за училишни задачи барем еднаш неделно, главно за прелиминарни истражувања, сумирање текстови и подготовка на писмени состави.

Иако социо-економскиот статус останува фактор за успехот, тој во Македонија сочинува 7 проценти од варијацијата во научните достигнувања, што е помалку од просекот на ОЕЦД (12%). -Околу 18 отсто од учениците во неповолна положба во Македонија беа во можност да постигнат резултати во највисокиот квартал од научните достигнувања. Овие ученици може да се сметаат за академски отпорни бидејќи, и покрај нивната социо-економска неповолна положба, тие постигнале образовна извонредност во споредба со учениците во нивната земја – се наведува во извештајот.

Средношколците во завршна година кои до крајот на декември пријавија дека ќе полагаат државна матура, од  22 февруари до 5 март одново се пријавуваат во училиштата за да ги променат предметит

Позитивен тренд е забележан кај односот со наставничкиот кадар, каде 80 отсто од учениците наведуваат дека наставниците покажуваат интерес за нивното учење и им даваат дополнителна помош. Од друга страна, забележан е пад на семејната поддршка и дискусиите за училишните проблеми во домашниот амбиент во споредба со 2022 година, како и зголемување на стапките на отсуство од часовите и доцнење на училиште.

Оценувањето ПИСА 2025 во Македонија е спроведено врз репрезентативен примерок од 6 977 ученици од 124 училишта, претставувајќи околу 90 отсто од целата популација на 15-годишници во земјата.