Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Само една понуда за компресорската станица, ќе се реши ли проблемот во операционите сали?

Само една фирма е заинтересирана за вториот тендер за набавка на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само една фирма е заинтересирана за вториот тендер за набавка на нова компресорска станица на Клинички. Дали ќе “падне” договор помеѓу компанијата и Министерството за здравство ќе одлучува Комисијата за јавни набавки во одреден законски рок. Понудата е за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух кој ќе ги снабдува сите клиники. Проценетата вредност на набавката беше над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

“Пристигната е една понуда, за која во наредиот период во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и стручни лица по што, доколку истата ги усполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка” – велат од Министерство за здравство.

Ако повторно не се склучи договор со компанија, министерот Таравари кажа дека ќе одат со директно договарање со фирма која може да инсталира нова станица за компримиран воздух и да се нормализира работа во операционите сали, бидејќи сега се користат надворешни компресори, интервенциите се редуцирани, а листата на чекање постојано се зголемува.

Реклама

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

Драмата со системот на компримиран воздух на скопска хирургија трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

Инаку, во јавноста излегоа информации дека причина за смрдеата во хирушките сали е опасниот формалдехид во доводот кој не е во употреба, но дополнителните мерења не покажаа присуство на ова хемиско соединение над дозволеното во салите. Од Клиника за трауматологија, анестезија, реанимација информираа дека се преземени дополнителни превентивни мерки, вклучувајќи почести и ненајавени мерења на квалитетот на воздухот во хируршкиот блок за поголема безбедност и на персоналот и на пациентите.