Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Саливан: Хамас стои на патот на прекин на огнот во Газа

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска изјави дека Хамас стои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска изјави дека Хамас стои на патот на прекин на огнот во Газа, а не Израел.

– Израел рече дека е подготвен да постигне привремен прекин на огнот во замена за одреден број заложници и потоа да се обиде да ги врати сите заложници дома. Хамас рече не, кажа Саливан во интервју за вестите на Си-би-ес.

Тој додаде дека САД оваа недела ќе донесат одлука за напредокот на Израел во врска со писмото што американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен го испратија до Израел минатиот месец во врска со хуманитарната помош за Газа.

Реклама

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и Лојд Остин минатиот месец испратија писмо до израелските власти, барајќи конкретни мерки за справување со влошената ситуација во палестинската енклава.

Во писмото се наведени конкретни чекори што Израел мора да ги преземе во рок од 30 дена, вклучувајќи дозвола во Газа дневно да влегуваат најмалку 350 камиони, воспоставување пауза во борбите за да се овозможи испорака на помош и укинување на наредбата за евакуација на палестинските цивили кога нема оперативна потреба.