Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Сали: Очекуваме до крајот на месецот да бидат исполнети 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали очекува дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда. Во интервју за една од националните телевизии тој вели дека се работи максимално за да се исполни она што се очекува. На новинарско прашање како би се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали очекува дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда.

Во интервју за една од националните телевизии тој вели дека се работи максимално за да се исполни она што се очекува.

На новинарско прашање како би се постигнало тоа, со оглед на тоа што до крајот на месецот има уште неколку дена, а меѓу „заглавените“ задачи е и Изборниот законик, од чие усогласување опозицијата се повлече, Сали верува дека и таа обврска ќе биде исполнета.

Реклама

– Интензивно се работи. Опозицијата јавно изјавува дека нема да пречи на Реформската агенда и сите закони коишто се во делот на Реформската агенда. Од друга страна, ја бојкотира работата на Комисијата. Меѓутоа, тоа е нивна политичка одлука. Ние продолжуваме со работа – изјави Сали.

Прашан дали се согласува со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните треба да се подготват за маратон на патот кон ЕУ, Сали вели дека е забележливо оти Македонија има посебен маратон во процесот на интеграции, а тоа се гледа преку Реформската агенда на која се работи интензивно.

– Ние мораме и овој дел да го завршиме, којшто морам да признам дека не е едноставен и лесен. Дури во техничкиот дел многу е покомплексен и потежок, затоа што треба сите институции да се адаптираат на целото ’аки’, на сите закони коишто владеат во Европска Унија. И тоа е процес во којшто сме вклучени повеќе институции – рече Сали.

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот, според Сали не е тешка политичка одлука ниту, пак, е технички неизводлива со оглед на распоредот на пратениците во Собранието.

– Значи, во овој процес не би се навраќал на минатото. Затоа што трае повеќе од 25 години и е тежок процес за државата, за граѓаните, очекувањата се големи. Значи, не би се навраќал на изминатиот период, затоа што ако се навратиме ќе останеме. Сигурно има одлуки, изјави коишто биле на штета на државата итн. Меѓутоа, да гледаме перспективно во иднина, сметам дека имаме перспектива и нашите пријатели во меѓународните институции, во Европска комисија и челниците на поголемите држави во Европска Унија ни даваат знак дека процесот на проширување не е запрен, дека има волја за поддршка, не поддржуваат на патот којшто ние го одиме заедно со нив.