Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Сајкоски: Пендаровски 5 години беше статист и ги премолчи сите штетни процеси, Силјановска Давкова ќе биде заштитник на интересите на народот и Македонија

Веќе се чувствува дека доаѓаат промените во Македонија, но мора да потенцирам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе се чувствува дека доаѓаат промените во Македонија, но мора да потенцирам дека изминативе 7 година тука во овој регион ништо не се инвестираше, не само што имаме пад на институциите, ние имате руинирана инфраструктура, нула инвестиции, распад на системот и тоа мора да го смените, затоа повикуваме на 24 април и на 8 мај приклучете се кон промените и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски на вечерашниот митинг во Ресен.

Сајкоски истакна дека тоа ќе биде победа на народот против неправдите, но за да донесеме силни институции и претседател каков што заслужува Македонија, мора да се избориме и да излеземе максимално на овие избори.

  • Сакам да направам една споредба сегашниот претседател велат дека надлежностите му биле ограничени или ги немал и затоа се однесувал вака или така, сакам да порачам дека Македонија памети дека имала претседатели, но изминативе 5 години немаме претседател, туку имаме статист кој ги премолчи сите процеси изминатиот период и кој наутро зборува едно, после пладне друго, а навечер ги демантираше двете работи, порача Сајкоски.

Сајкоски нагласи дека неопходно е да направиме промени кои ќе не носат кон подобра иднина во Македонија.

Реклама
  • Секој ден на Пендаровски му е Европа во устата, а нема посета на европски лидери, не посети ниту еден европски лидер, а од друга страна Македонија не ја посети ниту еден европски лидер. Затоа ние се стремиме и мора да донесеме претседателка која ќе ја води државата и која ќе биде заштитник на интересите на народот, интересите на македонските граѓани тука и ќе ја промовира Македонија надвор. Мора да донесеме голема победа, победата за ВМРО-ДПМНЕ е победа за Македонија, истакна Сајкоски.

Сајкоски нагласи дека иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, а иден премиер Христијан Мицкоски затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има народната поддршка.

Останаа уште неколку недели до големата победа која ќе донесе раст, развој, правда, ќе донесе борба против криминал и корупција и надеж дека во Македонија може да се работи, изјави Сајкоски.