Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

САД продолжуваат со притисокот за прекин на огнот во 10-месечната војна Израел-Хамас

Само во четвртокот во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 22…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само во четвртокот во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 22 лица, соопштија палестинските здравствени власти.

Жителот на Газа, Маџид ал Дабак, вели дека изгубил роднини во нападите… и сето тоа се случува во тековната позадина на регионалните мировни преговори.

„Куќата беше крената во воздух, и сите кои беа внатре – деца, мажи, жени – излетаа надвор, како куќата никогаш да не била изградена…“, рече ал Дабак.

Реклама

Здравствените власти во Газа велат дека во 10-месечните израелски напади загинале повеќе од 40.000 Палестинци. Израел вели дека неговите напади се насочени кон терористичката група Хамас, која уби 1.200 луѓе и зеде стотици заложници во нападот на 7 октомври.

Оваа недела исто така, беше објавено дека уште еден американски воен брод влезе во водите на Блискиот Исток, со оглед на високите тензии поради можен ирански напад врз Израел. Техеран вети одмазда за убиствата на високи лидери на Хамас и Хезболах, и двајцата негови сојузници во регионот.

Американскиот заменик секретар за печат на Одделот за одбрана Сабрина Синг изјави:

„Ние ги префрливме способностите во регионот кои, мислам дека е фер да се каже, влегоа во главниот простор на Иран и ќе влијаат на нивната пресметка за тоа како и дали ќе одлучат да одговорат. И, тоа исто така испраќа порака дека САД се на страната со Израел“, вели Синг.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се врати од Блискиот Исток оваа недела. Тој рече дека преговарачите претставиле предлог кој се однесува на преостанатите разлики меѓу Израел и Хамас.

„Со нашите партнери во Египет и Катар, нашата порака е едноставна, јасна и итна. Треба да го добиеме договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците“, рече Блинкен.

Експертите за арапско-израелски односи велат дека работата на арапските преговарачи е клучна за смирување на тензиите во регионот.

„Ако арапските посредници се свесни дека Израел го исполнил предлогот на Блинкен, верувам дека тоа ќе биде пренесено до Иран и другите и ќе кажат: „Израел потпиша, Хамас не, но ќе продолжиме да се обидуваме“, рече експертот Дејвид Маковски од Институтот во Вашингтон.

Израел вели дека мора да стави крај на безбедносната закана од Хамас. Хамас, пак, сака целосно повлекување на Израел од Газа.

Обединетите нации проценуваат дека 90 отсто или 2,1 милиони жители на Газа се раселени од почетокот на војната минатата година.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон