Реклама
Македонија

САД и Израел го бомбардираа Иран: Трамп порача дека Иранците се соочуваат со сигурна смрт, ако не го положат оружјето

САД и Израел го бомбардираа Иран.  Според одредени медиуми целосно е уништена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД и Израел го бомбардираа Иран.  Според одредени медиуми целосно е уништена палатата на ајатолахот Али Хамнеи. Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека започнале големи борбени операции и најави целосно уништување на иранската ракетна индустрија.

Тврди дека официјален Техеран се обидел да ја обнови својата нуклеарна програма и да продолжи да развива ракети за долг дострел, за кои како што вели можат да ги загрозат нивните многу добри пријатели и сојузниците во Европа, нивните трупи стационирани во странство и наскоро би можеле да стигнат и до американската татковина.

Трамп порача дека оваа операција има три основи цели: Целосно уништување на иранските ракети и на целата нивна ракетна индустрија, уништување на нивната морнарица и спречување Иран да дојде до нуклеарно оружје. Според него мора да се стави крај на иранскиот режим, кој веќе 47 години зборувал за „смрт на Америка“ и водел бесконечна кампања на крвопролевање и масовни убиства насочени против САД.

Реклама

-До членовите на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, вечерва велам дека мора да го положите оружјето и да имате целосен имунитет или во алтернатива ќе се соочите со сигурна смрт. Затоа положете го оружјето. Ќе бидете третирани фер со вашиот имунитет или ќе се соочите со сигурна смрт. Конечно, до големиот горд народ на Иран, вечерва велам дека часот на вашата слобода е близу, останете заштитени, не го напуштајте вашиот дом, многу е опасно,надворбомби ќе паѓаат насекаде, изјави Трамп.

Сирени за воздушна одбрана се огласија и во Израел, активирана беше противвоздушната одбрана над северниот пристанишен град Хаифа, откако се слушнале и експлозии, додека израелските сили пресретнувале ракети истрелани од Иран.

-Мои браќа и сестри, граѓани на Израел, Израел и САД започнаа операција за отстранување на егзистенцијалната закана што ја претставува терористичкиот режим во Иран. Му се заблагодарувам на нашиот голем пријател, претседателот Доналд Трамп, за неговото историско водство. Четириесет и седум години режимот на ајатолахот извикуваше ‘Смрт за Израел’ и ‘Смрт за Америка’. Тој ја пролеа нашата крв, уби многу Американци и го масакрира сопствениот народ. На овој убиствен терористички режим не смее да му се дозволи да се вооружи со нуклеарно оружје што би му овозможило да го загрози целото човештво, изјави премиерот на Израел, Бејнамин Нетанјаху.

Иран со порака дека биле подготвени за одбрана.

-Нападнаа низа цели, одбранбени инфраструктури и цивилни објекти во различни градови на нашата земја… Дојде време да се одбрани татковината и да се соочиме со воениот напад на непријателот. Како што бевме подготвени за преговори, во секое време бевме уште поподготвени за одбрана. Вооружените сили на Исламската Република Иран решително ќе одговорат на агресорите со авторитет, велат од иранското МНР.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ги оцени настаните на Блискиот Исток како „опасни“. Алармираше за заштита на цивилите и предупреди дека меѓународното хуманитарно право мора да биде приоритет.

-Иранскиот режим уби илјадници луѓе. Неговите балистички ракетни и нуклеарни програми, заедно со поддршката на терористички групи, претставуваат сериозна закана за глобалната безбедност. ЕУ усвои силни санкции против Иран и ја поддржа дипломатската резолуција, вклучувајќи го и нуклеарното прашање, напиша Калас на платформата „Х“.

Оваа воена операција доаѓа откако Иран претходно се спротивстави на правењето големи отстапки во врска со својата нуклеарна програма, иако инсистираше дека таа е за мирни цели. САД и Израел во минатото го обвинија Техеран дека се обидува да развие нуклеарна бомба.

Матеја Петровски