Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Рубин Земон се сретнал со Виктор Стојанов, кому му е забранет влез во Македонија, членот на Централниот одбор на СДСМ седи со човек што го негира македонскиот народ

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи.

„На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на опозицискиот СДСМ и претставник на Египќаните во Македонија. На режимот на Мицкоски ќе му се спротивстават мнозинството граѓани на државата, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка: во име на европската иднина на Македонија и децата таму“, пишува во објавата.

Реклама

Средбата предизвика остри реакции во јавноста, особено поради спорните ставови и минатите активности на Стојанов, но и поради претходните изјави на Земон. Тој изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен“. По оваа изјава, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран.

Против Виктор Стојанов беше поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Од Агенцијата за национална безбедност тогаш соопштија дека пријавата следува по информации за субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза.

Според Обвинителството, Стојанов преку специјално креирана Фејсбук-страница споделувал содржини со кои поттикнувал национална и етничка омраза и дискриминација. Во истрагата бил одземен и пропаганден материјал наменет за дистрибуција во Македонија.

Стојанов и претходно беше во центарот на вниманието. Пред три години тој упати закани кон Македонците од Пустец, предупредувајќи дека доколку не се попишат како Бугари на пописот во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.