Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Розов октомври“: Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Во Општина Кисела Вода вчера се одржала втората едукативна трибина за женското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Кисела Вода вчера се одржала втората едукативна трибина за женското здравје, како дел од низата активности заедно со Здружението „Хема-онко“ во рамките на овогодишната кампања „Розов октомври“.

Како што соопштуваат од Општината, настанот бил посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи.

-Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка- изјави градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

За овие клучни медицински теми, пред присутните говореле еминентни експерти: проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Од Општината наведуваат дека посебен белег на трибината оставило обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го споделила своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот.

Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розов пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври.