Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

„Розев пикник појадок“ во Скопје за подигнување на свеста за ракот на дојка

Розовата боја и годинава го исполни Градскиот парк, но зад симболиката стои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Розовата боја и годинава го исполни Градскиот парк, но зад симболиката стои сериозна порака – ракот на дојка и понатаму e водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените во земјава. Во фокусот на настанот не беше само поддршката на пациентките, туку и потребата од редовни прегледи и навремено реагирање на секоја забележана промена. Организаторите посочија дека токму раното откривање може значително да ги зголеми шансите  за успешно лекување.

„Секоја жена со своите две раце да прави редовни само-прегледи, бидејќи искрено верувам дека доколку сами си го познавате телото и сами се борите за вашето здравје, ќе се успее да се најде термин и тој рак ќе биде фатен на време. Знаеме дека 99% преживувањето е поголемо кај жените кои што го детектираат ракот во раните стадиуми.“, изјави Ана Марјановиќ, од здружението „Хема-Онко“/

Во Македонија годишно се регистрирани над 1000 случаи на рак на дојка, а во моментов има околу 7000 пациенти. Како еден од проблемите е издвоена и достапноста на скринингот. Според најавите на Министерот за здравство, Сашо Клековски, ќе се започне со преиспитување на скрининг програмата. Проблеми има и во достапноста на терапијата. Два лека се ставени на позитивната листа и се достапни во аптеките за хроничните болни. Од минатата година е обезбедена и дополнителна финансиска поддршка  за Клиниката за торакална и пластична хирургија, со цел да се овозможи пластичен третман на оперативната рана по хируршките интервенции.

Реклама

„Во моментот главен проблем ни е скрининг програмата. Според ревизијата што се направи од Државниот завод за ревизија, можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо заедно со Хемо-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нов концепт за скрининг. Во однос на третманот, ние префрливе два лека на позитивна листа, за да можат пациентките да гоземаат од аптека, да не мора да доаѓаат на клиниката за онкологија.“, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Од разговори и дружење до охрабрувачки пораки за превенција – целта е иста: ракот на дојка да се открива порано, лекувањето да биде навремено, а жените кои се соочуваат со болеста да не останат сами . Розовиот пикник појадок веќе трета година по ред е потсетник дека борбата е лична, а поддршката заедничка.