Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Рокас од Струга: ЕУ ќе направи се што е во нејзина можност Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО

Менаџирањето со цврстиот отпад и третирањето на канализациските води се врвни приоритети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Менаџирањето со цврстиот отпад и третирањето на канализациските води се врвни приоритети во кои Европската унија ќе направи се што е во нејзина можност со цел Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО. Тоа го истакна денеска амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас по средбата со градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура.

На средбата, како што истакна Рокас, било разговарано за евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува Општина Струга.

– Беа покренати многу прашања. Едно од нив беше менаџирање со цврстиот отпад и потребата за негово процесирање. Решение е изнајдено со изградба на регионален центар или фабрика за процесирање со цврст отпад. Ќе биде објавен тендер за избор на компанија која што ќе го реализира тоа. Друг проблем кој што беше покренат е третирањето на канализациските води, кои што се испуштаат во езерото. Овие се врвни приоритети со кои што ние како Европска унија ќе направиме се што е во наша можност со цел да можат и Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО, изјави Рокас по средбата. 

Реклама

За подобрување на животот на граѓаните, тој посочи дека ЕУ ја има програмата „People to People“ или „Луѓето за луѓето“, како и програми за меѓугранична соработка со Грција и Албанија.

Според евроамбасадорот, било покренато и прашањето за изградба на градинки, како дел од реформите што треба да се направат во сферата на образованието.

– Му ветив на градоначалникот дека во врска со ова тема ќе се вратам во посета заедно со мојот тим, за да видиме како може да изнајдеме решенија. Ми беше кажано дека има голем број деца кои се на листа на чекање за да се запишат во градинка. Во овој период на годината, имајќи во предиот дека веќе сме во средина на годината, малку е потешко да се пронајдат фондови за финансирање. Меѓутоа секогаш ја имаме тука реформската агенда која предвидува фондови. На оваа тема ќе дискутирам и со претставниците на Владата за да можат ова да го третират како приоритет за Општина Струга, подвлече Рокас.

Градоначалникот Ќура истакна дека разговорот поминал во пријателска атмосфера. 

– Му покажавме и докажавме дека ние сме за соработа и продолжување на патот кон Европската унија. Отворивме многу теми и проблеми со кои се соочува Струга. Го информиравме и за проектите кои се реализираат во моментот, меѓу кои дел се финансираат преку ЕУ фондови, истакна Ќура.