Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Рокас: И честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планот за енергетика и за напредокот што го оствари на планот на правична транзиција

Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот Михалис Рокас во своето обраќање на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.

Тој додаде дека за Македонија се приоритетни реформите – усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани.

-Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта – климатска транзиција и енергетика се поврзани и нужни меѓу другото и заради оскудните енергетски ресурси со кои Европа располага, рече Рокас.

Реклама

Тој истакна дека еввропскиот пејсаж подлежи огромни промени заради геополитичките и стратешките изгледи и заради тоа енергетските изгледи се менуваат.

-Поради тоа, соработката со нашите партнери од Западен Балкан се чини дека е поважна од било кога претходно. ЕУ ги засили напорите да овозможи независност на одредени фосилни горива. Овие мерки, заедно со инвестиции во прекугранична инфраструктура како и регионално поврзување ќе ја подобрат нашата енергетска безбедност и сигурност, додаде евроамбасадорот.

Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.