Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Родители на бојокот пред „11 Октомври“ во Центар

„Моето дете има право на безбедно образование“, „И мојата ќерка има право…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Моето дете има право на безбедно образование“, „И мојата ќерка има право на образование“, порачуваат родители кои денеска бојкотираат пред училиштето 11 Октомври во општина Центар, поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение. Стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Недозволен обид за трансфер на ученик од улилиштето „Лазо Ангеловски“, во „11 Октомври“. Вака родителите ја објаснуваат причината за нивниот револт и бојкотирање на наставата.

-Факт е дека родителот на конкретното дете чиј идентитет не го откриваме, прикрива факт за поведението на неговото дете во ООУ „Лазо Ангеловски“ и покренува постапка за трансфер редовен што е недозволиво кога детет има такво поведение- насилно, тоа е констатирано согласно упатството на Министерството за образование и наука, и евидентирано не само во училиштето туку и во општина Аеродром. При такви околности е невозможно да се заведе таква постапка, но родителот доаѓа тука ги прикрива тие факти и ја прибавува согласноста без да знае раководството, вели Горан Нациќ, претставник на родители од училиштето 11 Октомври и додава дека откако дознале родителите биле на прием кај директорката, која исто така била изненадена, по што ја повлекла согласноста, бидејќи немало услови за таква редовна постапка.

Реклама

Родителите имале обид да контактираат со Државниот просветен инспекторат, но безуспешно.

Бараат системско решение и да не се врши притисок врз раководството на улилиштето „11 Октомври“, во спротивно бојкотот ќе продолжи

Инаку, учениците од прво до четврто одделение од училиштето „11 Октомври“ во Центар денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение.

Родителите стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.