Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

РКЕ: Дизелот поскапува, бензинот „супер 95“ поевтин за половина денар

Максималната малопродажна цена на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Максималната малопродажна цена на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 до 3 денари за литар, а цената на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за половина денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.

Максималната малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 98 денари, цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3 денари за литар и ќе биде 95,5 денари. Цената на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за половина денар и ќе изнесува 83,5 денари, а цената на „евросупер БС-98“ не се менува и останува 85,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,901 денар за клограм се зголемува и малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ и ќе изнесува 51,311 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,084 отсто или за 42,100 $/тон, кај дизелот за 10,137 отсто или за 134,500 $/тон, кај екстра-лесното масло за 11,369 отсто или за 143,600 $/тон и кај мазутот за речиси 2,002 отсто или за 12,300 $/тон. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период во просек изнесува 53,5287 ден./$ и е за речиси 0,2756 отсто повисок од курсот на доларот (53,3816 ден./$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Од РКЕ појаснуваат дека при формирањето на центите предвид е земена одлуката на Владата за повластената стапка на ДДВ од 10 отсто (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 денари за литар и од 2 денари за литар за бензинските фракции.

РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот доставувач „Окта“ и да ги намалат малопродажните цени за 3 денари за литар за дизел и 2 денари за литар за бензините, со што, како што велат, ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

Порачуваат дека доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенира во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,5, а на дизелот за 12 денари за литар во споредба со денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа 92 денари за литар „евросупер БС-95“, 94 денари за „евросупер БС-98“, 110 денари за „евродизел БС (Д-Е V)“ и 107 денари за литар за екстра-лесното масло за горење (ЕЛ-1).