Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Ристовски: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложувалници и коцка

Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложувалници и коцка, рече министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложувалници и коцка, рече министерот за спорт, Борко Ристовски.

Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложувалници и коцка, рече министерот за спорт, Борко Ристовски.

Со големо задоволство ви го најавувам меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија. Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа . Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта  и настани поврзани со спортот, како и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот , почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт  за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, и ова е еден убав почеток на идна соработка.  Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина  која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството, истакна Ристовски.

Реклама

Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, додаде Ристовски.