Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Кошарка

Ристовски најави сериозни реформи во спортот за да нема корупција

Реформи за значајни спортски резултати. Новото министерство за спорт ќе финансира врвни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформи за значајни спортски резултати. Новото министерство за спорт ќе финансира врвни спортисти. Претходниот систем на делење ваучери во спортот беше корумпиран, вели министерот Борко Ристовски и додава дека ќе се  промовира нов начин на финансирање на спортот. Прво ќе се направат законски измени за да се спречат злоупотребите во спортот. Второ ќе се постават приоритети кои ќе бидат повеќе финансирани од државата. Тие се 4-те федерации со најголеми спортски успеси, поделба на спортовите на олимписки и неолимписки и поттикнување онаму кадешто има најголем потенцијал за медали од меѓународни натпреварувања. Веќе следната недела ќе биде објавен првиот јавен повик за финансирање на врвен спорт, на којшто ќе можат да аплицираат сите што се натпреваруваат во Европа.

Државна инспекција ќе влезе во Кошаркарската федерација на Македонија, најави министерот за спорт. Ако инспекторите најдат нешто сомнително , ќе има санкции – вели Ристовски. Ваквите најави доаѓаат откако селекторот на јуниорската репрезентација, обелодени дека неговите избраници, кои дојдоа до златниот медал на ЕП дивизија Б, јаделе „скапана храна“, тренирале во пекол и биле приморани да пешачат по еден час двапати на ден на 45 степени температура, а тој бил изложен на закани од луѓе од самиот врв на федерацијата.

Ристовски исто така најави и одземање на државната помош за спортистите кои рекламираат казина и обложувалници. Според него нивните потези се недостојни, а неговото министерство треба да воведе ред, односно систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите.