Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ристовски и Мицкоски на средба со Чеферин: Фокус на развојот на фудбалот во Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Владата, оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е во официјална посета на Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ – соопштуваат од Министерството за спорт.

На средбата, како што стои во соопштението, се разговарало за идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

– Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот во Македонија на сите нивоа. Продолжуваме посветено да работиме за развој на македонскиот спорт и создавање услови за нови успеси – истакна Ристовски по денешната средба со првиот човек на УЕФА.

Реклама

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата на УЕФА се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.