Во првата година од вториот мандат продолжуваме со поголем интензититет на раст и развој на општина Конче со резултати во сите области со што веќе се гледа една модерна рурална општина, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.
Но нема да се задоволиме со тоа тука продолжуваме да создаваме услови за поквалитетен живот на граѓаните без разлика на населените места со создавање перспектива за сите генерации..
Во делот на водоводните системи се реализира доизградба на систем за водоснабдување (со обезбедување дополнителни количини на вода за пиење) во с.Долни Липовиќ каде беше опфатено изградба на потисен цевковод во должина од 1174 м. и изградба на пумпна станица со потребните елементи со кои работи конечно се решава водоснабдувањето за граѓаните од оваа населено место.
Во делот на канализациските системи во изминатата година се изградија 4 краци на системот за фекална канализација во населено место Конче и населено место Ракитец.
Во делот на транспортот и патната инфраструктура се заврши изградбата на вториот дел од општински пат од населено место с.Ракитец до регионален пат Р2434, општина Конче кој проект е финансиран од Министерство за транспорт и врски, со кофинансирање од Општина Конче.
Со уредување на јавните површини продолживме и оваа година каде имаме уредено околу 2.500 м2 јавни површини со што заокружуваме 15.000 м2 уредени јавни површини на територијата на општина Конче.
Во фаза на реализација е партерното уредување на пристап до манастир Св. Ѓорѓи покрај езеро Мантово , со површина од 2 500м2.
ЈПКД Лакавица со својата механизација беше вклучена во расчистување на врнежите од снег со што беа создадени услови за непречено одржување на локалните патишта и улици.
Уредувањето на полските патишта продолжи со порамнување , тампонирање и валирање во сите населени места.
Преку набавка и поставување на сообраќајна сигнализација(сообраќајни знаци, патокази), се изврши обележување и мапирање на населените места и локалните патишта и значајни знаменити локации.
Во делот на локалниот економски развој се изврши вградување на мини фотоволтаична централа на кровната конструкција на општинската зграда со капацитет од 40 KW.
Проектот е поддржан и финансиран од Владата на РМ.
Преку ,,Форум на заедницата”, се реализира набавката на Камион -кипер со дополнителна опрема за чистење на снег со што се овозможува подобра опременост на ЈПКД ,,Лакавица” со подобрување на услугите спрема граѓаните, ТМВ ќе биде употребено за оддржување на полски патишта, расчистување на речни корита, зимско оддржување на локалните патишта, расчистување на диви депонии и други потреби.
Со потпишување на Меморандум за соработка преку Амбасадата на САД, Општина Конче доби противпожарно возило Volkswagen Amarok со пумпа со висок притисок опремена за делување на повеќе од 50-тина метри, и дополнителна опрема за гаснење на шумски пожари ( моторни пили, дувалки, радио станици, електрични светилки и друга индивидуална опрема).
Исто така со потпишување на меморандум за соработка со здружението на пожарникари, Operation Florian од Обединетото Кралство, успеавме да обезбедиме специјализирано противпожарно возило, камион – мерцедес и комплет противпожарна опрема за дваесет пожарникари.
Целта на овие набавки беше доопремување и унапредување на подготвеноста на доброволните противпожарни друштва и нашите членови, како и подготвеност за брза реакција за справување со пожари,поплави и друг вид на непогоди на територија на општина Конче и во соседните општини.
Во фаза на изработка сме на повеќе проекти:
Изработка на основен проект за реконструкција на локален пат раскрсница Лакавица-Габревци во должина од 3.8 км.
Изработка на урбанистички и основен проект за реконструкција на систем за водоснабдување за с.Лубница.
Изработка на техничка документација за изградба на дел од собирен цевковод за отпадни води, пречистителна станица за отпадни води и пристапен пат до локацијата на пречистителната станица за отпадни води во с.Конче.
Изработка на урбанистички план за вон населено место за спортско-рекреативен комплекс на КО Ракитец.
Во делот на образованието, на првачиња свечено им беа доделени вредносни ваучери во вредност од 8 000 ден. за среќен почеток на учебната година.
Продолжуваме со партерно уредување на училишниот двор во ООУ Гоце Делчев –Конче.
А во делот на социјалната заштита грижата на старите лица ја продолживме со општокорисна работа преку ангажирање на 13 негувателки за нега и помош кај истите, со исплата преку општински буџетски средства.
За големите верски празници, беа доделени најнеопходни средства на социјално загрозени семејства од Општина Конче.
Продолжуваме со мерките за склучување на брак кај лица над 35 години со износ од 120 000 ден и лица до 35 години до 30 000 ден.
Исто така преку мерката за новороденчиња на првородено дете исплаќаме 20 000 ден,за второродено 40 000 ден и третоновороденче и нагоре по 60 000 денари.
Секако водевме грижа и за најмалите, годинава за прв пат воведовме бесплатна градинка за сите дечиња во општина Конче.
Во духот на солидарноста и хуманоста, продолжуваме да се грижиме за секој наш сограѓанин.
Во делот на спортот и младите, ФК Серта стартува со пролетната сезона 2026 , каде тренираат над 30 дечиња .
Годинава на езерото Мантово, повеќе од 70 спортски риболовци и капитени од 14 екипи од Македонија и Србија се натпреваруваа за освојување на престижниот трофеј, создавајќи одлична атмосфера и вистински спортски дух.
Боречкиот клуб Бучим –Шампиони претставува општинска гордост кој нижи резултати преку настапи во земјата и пошироко.
Исто така годинава за прв пат во општина Конче го воведуваме и ракометот, каде се пријавени околу 40 дечиња.
Најмасовниот спортски настан ,,Вело фест Конче-2026″ каде учество земаа повеке од 200 спортисти и љубители на природните убавини на општина Конче.
Годинава за прв пат го изградивме и првиот мини фитнес центар на отворено кој е во склоп на општискиот стадион во општина Конче.
Во делот на културата, на свечен начин, во организација на ООУ ,,Гоце Делчев” – Конче, беше одбележан Денот на турската настава.
Годинава беше отворена изложбата на фотографии насловена „Селска хармонија“, која е составена од 19 авторски фотографии на авторот Фунда Реџеп.
По четврти пат се оддржа меѓународниот фолклорен фестивал -Екот на фолклорот во Конче.
Во делот на меѓународната соработка потпишавме тристран Меморандум за соработка со општина Новска, Република Хрватска и општина Полла, Република Италија.
Меморандумот опфаќа понатамошна соработка и реализација на заеднички проекти поддржани од ЕУ.
Остваривме средба со преставници од збратимената општина Акисар -Турција и преставници од општина Маниса -Турција. Меѓу другото разговаравме и во делот на земјоделието и текстилната индустрија. Почитувани, тоа беше накратко отчет една година општина Конче.

