Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ристов до „ЕВН Македонија“: Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во кој сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во кој сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, на денешниот состанок со менаџментот на „ЕВН Македонија“ заедно со членовите на Комисијата.

– Ние сме дел од сектор во кој e неопходен стратешки пристап и клучно е да се дејствува една година однапред затоа што процесите се динамични. Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните. Во претстојниот период ќе имаме многу предизвици за да се подготвиме за поврзување на домашниот со европскиот пазар – посочи Ристов.

Нагласи дека фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите е принципот врз основа на кој регулаторот ќе продолжи да дејствува преку соработката со „ЕВН Македонија“.

Реклама

– Во овие 20 години во кои „ЕВН Македонија“ е активна на нашиот пазар се случија доста промени како во техничка смисла така и во делот со унапредување на услугите. Сега сме веќе дојдени во фазата во која дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе нè водат понатаму – истакна Ристов.