Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Ристевски: На Македонија и повеќе од потребно и е единство, мораме да поставиме црвени линии, зад кои ќе застанат сите

На Македонија и е повеќе од потребна обединетост на сите политички субјекти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е повеќе од потребна обединетост на сите политички субјекти, потребни се црвени линии за одредени прашања, позади кои ќе застанат сите заедно. Според познавачите потегот на премиерот Христијан Мицкоски да повика на обединување е повеќе од логичен и потребен. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека единство било потребно и претходно, бидејќи сме биле сведоци на многу погрешни политики кои властите ги носеле едностратно.

-Ние мораме да поставиме одредени црвени линии под кои не можеме да одиме, затоа што одредени владини состави во минатото покажаа дека се со цел да се додворат на одредени западни фактори или по секоја цена да останат на власт, спремни се да направат еден куп отстапки кои долгорочно предизвикуваат големи штети на самата држава и на македонскиот народ и македонскиот национален интерес. Тој повик за обединување да кажеме мора да е околу националните интереси и одредени црвени линии наши како нација мораме да ги поставиме под кои не одиме, изјави Ристевски.

Лидерот на опозицијата Венко Филипче најави дека тој и неговата партија ќе понуделе конструктивни точки во интерес на државата, за кои би се разговарало на лидерска средба. Според Ристевски институтот лидерска средба е непотребен и удар врз парламентарната демократија и гласот на граѓаните кои ги бираат пратениците во Собранието.

Реклама

Сосема е логично сите желби, барања, побарувања кои ги има било кој политички субјект и кој е законски претставен во законодавниот дом да ги побара токму таму, во републичкото Собрание со 120 пратеници, СДСМ и тој како и повеќето останати партии има претставници. Сосема легитимно, преку институтот пратенички прашања и било кои останати може да ги побара внатре во институциите на системот, изјави Ристевски.

Премиерот Мицкоски при одбележувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј повика на обединување, со порака дека не само што така ќе опстанеме, туку и ќе победуваме.

Матеја Петровски