Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Резолуција или калкулација – Документот на Филипче се уште го нема

СДСМ и Венко Филипче се попишманија за црвените линии и бугарската тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче се попишманија за црвените линии и бугарската тема што самите ја наметнаа. Им текна дека сме во предизборен период, па резолуцијата можела да биде злоупотребана, иако и речиси пред еден месец, кога за првпат Филипче најави ваков документ, се знаеше дека граѓаните наесен ќе излезат на локални избори.

Лидерот на СДСМ неколкупати изјави дека документот се подготвува и до крајот на тековната работна недела ќе биде доставен до Собранието. Во моментов СДСМ ја подготува резолуцијата во широка конуслтација со експерти и партнери и нема намера да брза, информираат оттаму.

Внимателни сме и со можноста за злоупотреба на овој важен документ за изборна кампања од оние кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ затоа и внимателно ќе го избереме тајмингот. Ве молиме за разбирање и трпение. СДСМ за разлика до многу други партии кон ова прашање пристапува со сериозност и искрени намери, соопштуваат од СДСМ.

Реклама

За првпат Филипче најави сериозен документ што ќе го реши билатералниот проблем со Бугарија пред повеќе од три недели.

По три дена, Филипче на пресконференција рече дека резолуцијата ќе биде готова до крајот на неделата. На новинарско прашање што ако  Македонија попушти и бадијала ќе внесе Бугарите во Уставот, а притоа се соочи со нови услови и уцени, Филипче нема конкретен одговор. Тој ја разбира грижата на граѓаните за можноста од нови бугарски уцени, но сепак смета дека потребно е единство во Парламентот за ова прашање.  

По десетина дена, Филипче рече дека до понеделник пратениците ќе ја имаат резолуцијата и очекува широка дебата.

Инаку, СДСМ предизборно, се занимаваат со исцртување на македонски црвени линии кои тие во повеќе наврати ги погазија. Во 2021 македонското Собрание веќе донесе декларација во која прецизно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. За овој документ  гласаше и СДСМ, но само една година подоцна целосно ја погази со прифаќањето на францускиот предлог кој освен што ги загрози националните интереси, ги блокираше и евроинтеграциите.