Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Револт и лутина кај 180 патници кои на 29 март од Германија допатуваа дома со хуманитарен лет

Револт и лутина кај 180 патници кои на 29 март од Германија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Револт и лутина кај 180 патници кои на 29 март од Германија допатуваа дома со хуманитарен лет-сведочат дека во договорот за организиран авионски превоз,пишувало дека вкупната цена на чартер летот изнесува 40.000 евра.

Во документите кои ни ги испратила јасно стои дека само 4 дена подоцна, на 2.април за повратниците кои патувале на иста реалација, вкупна цена на чартер летот изнесува 27.000 евра.

Изманипулираните патниците сведочат дека биле принудени да ги потпишат договорите кои биле ставени на седиштата пред секој патник.Појаснуваат дека иако првично им било кажано дека авио билетот ќе чини 110 евра, кога полетал авионот фаени во тесно, всушност сфатиле дека се излажани.

Реклама

Иако со денови претходно контактирале со преставици на министерството за надворешни работи, тие дури во авинот дознале дека вкупната цена на чартер летот од 40.000 евра,се дели на сите патници.Што значи наместо 110, цената на билетот ќе ги чини 222 евра.

„Нашиот лет чинеше 40.000 евра што дојдовме ние на 29 март, вчерашниот лет од иститот аеродром чинеше 27.000 евра.Тие нас ни рекоа хуманитарен лет дека е, ама ова не е хуманитарен лет, ова е арамиско гнездо.На нас сакаат да профитираат.Од нашава држава ние се чувствуваме измамени, изманипулирани и плус тоа гледаме ние на интернет, пратиме ситуација.Србија сите свои граѓани ги донесе на трошок на дражава, а ние овде во оваа дражава плаќаме цел живот даноци,дали дојдоа тие до нашите 100 евра да ни ги украдат,не прават будали.Не е за парите, ама будала да те прави некој на здрав разум се чувствуваше неубаво“, изјави Миле Пендик-патник.

Со нас и нашата мака,прават бизинис, вели друга наша соговорничка која сакаше да остане анонимна. Се согласивме вели да не однесат во 15 дневен карантин кога ќе стапнеме на македонско тло,но ако на време ни кажеа дека билетот ќе не чини 222 евра,на свој ризик ќе останевме во Германија-тоа за нас се многу пари.

„Бевме во безизлезна ситуација, од авион не можеш да излаезеш, да скокниш не смееш.Ако претставниците од Скопје што беа ни кажеа дека билетот ќе чини толку,можеби половина од патниците во авионот ќе се вратеа назад, затоа што сите буквално реагираа на таа цена.Тие цени за нас се високи, ние сме пензионери од кои пари да платиме ние заедно со мажот 450 евра а земаме пензија од 200 и кусур евра,од кои половина одат за лекарства. Дири еден човек беше опериран почна да му се лоши, никаков третман.Ајде го седнаа стуардесите,значи имаше секаков вид на патници,мајки со деца болни луѓе“, изјави друга анонимна патничка.

За ова уште вчера побаравме информација од владиниот портпарол, но не добивме одговор.Инаку нашите соговорници ни раскажаа и дека авионот тргнал со 7 часа доцнење,а кога фтасале дома на аеродром, не им било дозволено да извршат нити физиолошка потреба и ова велат, е само дел од голготата низ која поминале.

Росица Голабоска