Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Ревизијата утврди неправилности во работењето на Државниот архив

Слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите, давање попусти и подароци, исплаќани надоместоци без законска основа, плаќање данок на додадена вредност за услуги поврзани со основната дејност и слабости во спроведувањето и реализацијата на јавните набавки, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај за Државниот архив на Македонија.

Во извештајот објавен денеска ДЗР изразува неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Архивот, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата е констатирано и неисполнување на основните услови што треба ги поседуваат депоата на Државниот архив за да се заштити архивскиот материјал, како и условите за заштита од неовластен пристап до архивскиот и документарен материјал. Исто така, не се вршело ажурно и хронолошко евидентирање на движењето на резервите на публикуваните изданија. 

Реклама

За надминување на утврдените состојби се дадени препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи. 

– Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државниот архив на Македонија за 2024 година. Со извршената ревизија за 2024 година изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи на Државниот архив на Македонија за 2016 година. Изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива. Во 2018 година извршена е проверка на спроведувањето на препораките презентирани во конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2016 година и издаден е преглед за статусот на спроведувањето на препораките. Од содржината на презентираните податоци во прегледот ревизијата констатира дека дадените три препораки се спроведени – наведува ДЗР.  

Информира и дека од одговорните лица на Државниот архив биле доставени забелешки на нацрт-извештајот за периодот што е предмет на ревизија.

– Забелешките се разгледани и е констатирано дека некои од нив не се прифаќаат зашто не се доставени нови докази за промена на утврдените состојби. Некои од забелешките претставуваат известување за причините за констатираните состојби, а други се известување за мерките што ќе се преземат за надминување на утврдените состојби со донесување на новиот Закон за архивскиот материјал и архивската дејност,- напоменува ДЗР.